Четиридневен штрајк на таксистите во Грција
- Таксистите во Грција од утрово започнаа два 48-часовни штрајкови, поради новиот предлог-закон за даноците и начините на оданочување, додека пак Атина, без такси ќе биде утре и задутре, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 4 декември 2023 (МИА) – Таксистите во Грција од утрово започнаа два 48-часовни штрајкови, поради новиот предлог-закон за даноци и начин на оданочување, додека пак Атина, без такси ќе биде утре и задутре, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Федерацијата на такси возила во цела Грција соопштија дека штрајкот е од денеска во пет часот наутро и ќе трае до петок во исто време, а паралелно ги повикаа синдикатите на таксистите од земјата масовно да учествуваат.
- Да нема ниту едно такси на улиците, Владата мора да разбере дека нашата сектор се уништува, пишува во соопштението.
Таксистите во Атина, организирани од нивниот Синдикат, од своја страна донесоа едногласна одлука да одржат 48-часовен штрајк утре и задутре за, како што велат, да го изразат нивното незадоволство за новиот закон.
Ова е втор штрајк на таксистите во Грција за помалку од две седмици, со оглед на тоа дека 24-часовен штрајк, од истите причини, одржаа на 22 ноември. ср/сд/