• четврток, 04 декември 2025

Четворица маскирани со автоматско оружје извршиле разбојништво во златара во Гостивар

Четворица маскирани  со автоматско оружје извршиле разбојништво во златара во Гостивар

Скопје, 10 октомври 2025 (МИА) - На 10.10.2025 година во 18:45 часот во СВР Тетово,  В.П. од Гостивар пријавил дека четири маскирани лица со автоматско оружје извршиле разбојништво во златара во близина на малиот пазар во Гостивар, по што со патничко моторно возило „бмв"  без регистарски таблички побегнале.

- Веднаш е постапено по пријавата и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за  расчистување на случајот,  соопштуваат од СВР Тетово.ир/вј/

Остани поврзан