• понеделник, 20 април 2026

МВР: Лажни се дојавите за бомби во трговските центри Ист гејт и Дајмонд

МВР: Лажни се дојавите за бомби во трговските центри Ист гејт и Дајмонд

Скопје, 19 април 2026 (МИА) - Лажни дојдави за бомби преку електронска пошта беа испратени денеска до Министерството за внатрешни работи за трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје. 

По повеќе од двочасовната проверка во внатрешноста и околу објектите, МВР соопшти дека дојавите дека се поставени електронски направи се лажни. Нема информации за тоа кој ги испратил мејловите до МВР. 

- Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи. Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектите, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави за бомби - се наведува во соопштението од МВР.

Претходно денеска вработени во трговскиот центар Ист гејт за МИА изјавија дека околу 10:30 часот добиле порака да ги напуштат своите работи места, по што трговскиот центар беше затворен за купувачите, а оние кои сакаа да влезат беа вражани од полицајците кои го обезбедуваа трговскиот центар. ев/ац/

ФОТО: МИА

Остани поврзан