Полицијата проверува дали има експлозивни направи во трговските центри Ист гејт и Дајмонд (фото)
- Министерството за внатрешни работи денеска добило дојави за бомби во трговите центри Ист Гејт и Дајмонд во Скопје. Вработени во Ист гејт за МИА изјавија дека околу 10:30 часот добиле известување дека треба да ги напуштат работните места, а трговскиот центар и по два часа не беше отворен за купувачите.
Скопје, 19 април 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи денеска добило дојави за бомби во трговите центри Ист Гејт и Дајмонд во Скопје. Вработени во Ист гејт за МИА изјавија дека околу 10:30 часот добиле известување дека треба да ги напуштат работните места, а трговскиот центар и по два часа не беше отворен за купувачите.

-Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи, информираа од МВР.
Полициски службеници, додаваат оттаму, преземаат мерки и вршат проверки во трговските центри.

Ова е прв пат дојави за бомби да има за двата најголеми скопски трговски центри во недела, кога очекувано најголем дел од граѓаните пазарат таму бидејќи во другите продавници е неработен ден. ев/ац/

ФОТО: МИА