Дојави за бомби во Ист гејт и Дајмонд, МВР врши проверка во трговските центри
- Министерството за внатрешни работи денеска добило дојави за бомби во трговите центри Ист Гејт и Дајмонд во Скопје.
Скопје, 19 април 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи денеска добило дојави за бомби во трговите центри Ист Гејт и Дајмонд во Скопје.
-Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи, информираа од МВР.
Полициски службеници, додаваат оттаму, преземаат мерки и вршат проверки во трговските центри. ац/ев/
Фото: МИА архива