• петок, 05 декември 2025

Четворица кандидати за градоначалник на Гевгелија ќе ја бараат поддршката од граѓаните

Четворица кандидати за градоначалник на Гевгелија ќе ја бараат поддршката од граѓаните

Гевгелија, 16 септември 2025 (МИА) - Граѓаните на Гевгелија на претстојните локални избори ќе имаат можност да гласаат за еден од четворицата кандидати за градоначалник - Тони Аврамов од Левица, Љупчо Бучков од Родина Македонија, Миле Атанасов од коалицијата на СДСМ и Андон Сарамандов од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, чии кандидатури се потврдени од ОИК.

За Советот на Општината се поднесени шест кандидатски листи - Левица, носител Николчо Петров, ЗНАМ, носител Борче Нечевски, СДСМ коалиција, носител Александар Киров, ВМРО-ДПМНЕ коалиција, носител Димитар Вегов, Искуство за успех (коалиција ЛДП, Интегра, ПЦЕР), носител Виктор Петков и Македонска акција МААК, носител Ристо Ѓоргиев.

За дел од подносителите трае рокот за отстранување на констатирани неправилности и непотполни документи. рт/мд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан