• недела, 22 декември 2024

Честитки од МАЕИ до ЕФА за успехот на европските избори

Честитки од МАЕИ до ЕФА за успехот на европските избори

Дебар, 12 јуни 2024 (МИА) - Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), единствената партија што ги застапува правата на Македонците во Албанија, упати срдечни честитки до Европската слободна алијанса (ЕФА) за извонредниот успех постигнат на неодамнешните европски избори.

-Европската слободна алијанса и нејзините пратеници во Европскиот парламент (ЕП) постојано се цврсти застапници на демократијата, различностите, човековите права и заштитата на малцинствата низ Европа. Уверени сме дека ЕФА и нејзините европратеници ќе продолжат да ги бранат овие суштински вредности во Европскиот парламент, стои во честитката на МАЕИ.

Порачува дека како "горда членка на Европската слободна алијанса, МАЕИ е посветена да работи заедно со ЕФА и нејзините европратеници за поддршка и унапредување на основните човекови права на Македонците во Албанија". 

- Заедно, ќе се стремиме да поттикнеме мултиетничко и мултикултурно албанско општество засновано на принципите на правото, правдата и употребата на меѓународните конвенции за правата на малцинствата, се наведува понатаму.

Нашето застапување, се посочува,  за напредна легислатива за правата на малцинствата,  ќе остане цврсто, осигурувајќи дека правата на сите малцинства во Албанија се почитуваат и штитат.

-Честитки до ЕФА за ова значајно достигнување. Со нетрпение ја очекуваме нашата континуирана соработка во промовирањето на поинклузивна и праведна Европа, се вели во честитката на МАЕИ.

Единствената партија на Македонците во Албанија на 17 март годинава стана полноправна членка на Европската слободна алијанса, ЕФА, со едногласна одлука од делегатите на Генералното собрание одржано во Брисел, на кое свое обраќање имаше Васил Стерјовски, лидер на партијата. вт/аа/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан