• среда, 03 јули 2024

Честитка од претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска по повод 11 Октомври

Честитка од претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска по повод 11 Октомври

Скопје, 11 октомври 2023

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска по повод денешниот празник 11 Октомври, оддаде почит и положи свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово. 

Во свое лично име и во име на Судот  претседателката Кацарска упатува искрени честитки до сите граѓани на државата. 

-Нека денешниот празник остане неисцрпна инспирација за правилните одлуки, пркос и вечна борба за правдината на нашите граѓани. Нека секој 11 Октомври не’ потсетува дека она што ќе го одлучиме денес, ќе биде патоказ за нашите потомци утре, а мислата која не’ водела и ќе не води низ историските премрежја, да остане чиста, правдољубива и да не упатува  единствено кон напредокот на државата и благосостојбата на граѓаните. 

Нека е честит 11 Октомври- Денот на народното востание на македонскиот народ! 

Со почит, 

Претседател на Уставниот суд

Добрила Кацарска

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

ФОТО: Уставен суд 

 

 

Остани поврзан