• петок, 10 мај 2024

Честитка од ОМД по повод Денот на независноста

Честитка од ОМД по повод Денот на независноста

Скопје, 8 септември 2023

Честит 8-ми Септември, Ден на Независноста на Република Македонија

Честит Ден на независноста на Македонија🇲🇰

На денешен ден го славиме 32риот Ден на независноста на Македонија и истрајноста на нашиот македонски народ.🇲🇰

Македонија мора да остане цврста во својата борба за признавање, почитување и еднаквост меѓу земјите-членки на Европската унија и на глобално ниво.🇲🇰

Како водечка организација за Македонците, Обединетата македонска дијаспора гордо го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, претставувајќи го македонскиот народ ширум светот.🇲🇰

Денеска им оддаваме почит на жртвите направени во потрагата по слобода и ја потврдуваме нашата посветеност за зачувување на историјата, идентитетот, јазикот и богатото културно наследство на нашата македонска нација.🇲🇰

ОМД

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан