• понеделник, 13 мај 2024

Честитка од министерот Спасовски по повод празникот Рождество на Пресвета Боогородица

Честитка од министерот Спасовски по повод празникот Рождество на Пресвета Боогородица

Скопје, 21 септември 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка до граѓаните од православна вероисповед по повод празникот Рождество на Пресвета Боогородица.

-Од манастирот „Света Богородица” во село Матејче, ви го честитам големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, со желби за добро здравје и просперитет. Денеска се радуваме на светата рожба од Назарет - плод на молитва, љубов и добри дела на благочестивите Јоаким и Ана. Божјата Мајка го подготви спасението на светот, како чисто, совршено битие и како средиште на мајчинската љубов, со сето Божествено во себе за да се покаже љубовта Божја кон човекот. Нека Божјата Мајка нѐ води по милостивиот пат, патот на трпението, вербата и љубовта. Нека ги облагороди срцата на секој и нека помогне заедно да ги отфрлиме слабостите во нас за да продолжиме да  чекориме непоколебливо и со силна верба кон иднината. За многу години Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, наведува Спасовски во честитката. мч/дма/

 

Остани поврзан