• четврток, 19 декември 2024

Честитка од министерот Минчев за Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од министерот Минчев за Меѓународниот ден на Бошњаците

Скопје, 28 септември 2024 (МИА) - Министерот за јавна администрација Горан Минчев лично и во име на Министерството упати честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците, посакувајќи денот „да биде исполнет со гордост, радост и чувство на единство“. 

Во честитката тој вели дека бошњачката заедница „има значителна улога во развојот на Република Македонија, негувајќи ги вредностите на единство, различност, меѓусебно почитување и мултикултурно општество“.

-Празнувајќи го овој ден, ја истакнуваме заложбата на Министерството за јавна администрација за создавање инклузивна средина, каде што сите заедници ќе можат да напредуваат и да придонесат за просперитетот на нашата држава, се наведува во честитката на министерот Минчев. хс/лв/

Фото: Министерство за јавна администрација

 

Остани поврзан