• петок, 22 ноември 2024

Честитка од МД „Илинден“-Тирана по повод Илинден

Честитка од МД „Илинден“-Тирана по повод Илинден
Тирана, 2 август 2022 (МИА) - Во очи на македонскиот национален празник - Илинден , 2 Август, честитка до сите Македонци каде и да се упати  Македонското друштво „Илинден“- Тирана. - Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и насекаде во светот, од име на македонско друштво „Илинден“ најсрдечно Ви го честитаме Денот на Републиката, 2 Август и двата историски Илиндена, 119 години од Илинденското востание и 78 години од Првото заседание на АСНОМ. Нека ни е честит националниот празник Илинден и нека е вечна нашата татковина, Македонија, стои во честитката. Се додава дека Илинден е ден кога ги славиме и се присетуваме на голем број револуционери и борци, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ. -Да го почитуваме и славиме Денот на двата Илиндена, со почит, гордост и достоинство, како што му прилега на овој голем ден, се наведува во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај. Друштвото кон текстот објавува фотографија  од  прослава на Илинден во Тирана од страна на Македонците во 1937 година. вт/вј/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан