• петок, 05 декември 2025

Честитка од МАЕИ  и МД „Илинден" по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Честитка од МАЕИ  и МД „Илинден

Дебар, 23 октомври 2025 (МИА) - Единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и Македонското друштво „Илинден" упатија честитка по повод  23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба до сите Македонци во Албанија, Македонија и ширум светот.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана и македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, упатија честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ - ОА г.г. С

-Овој значаен ден не потсетува на 1893 година, кога со формирањето на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) започна организираната борба за ослободување и обединување на Македонија. Тоа беше почеток на една славна страница во историјата на македонскиот народ – страница исполнета со пожртвуваност, идеали за слобода, правда и зачувување на македонскиот идентитет, стои во честитката на МАЕИ.

Се посакува „оваа светла дата да нè потсети и охрабри во нашите денешни напори за зачувување и унапредување на македонската култура, јазик и традиција", како и за "јакнење на националната свест и единството меѓу Македонците, каде и да се наоѓаат".

-Додека се сеќаваме на сите оние кои го положија својот живот за Македонија, да се обединиме околу истите вредности – слобода, достоинство и солидарност. Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! Да живее македонскиот народ, стои во честитката на МАЕИ, потпишана од Васил Стерјовски, лидер на партијата.

МД „Илинден" честитајќи го Денот,  потсетува на формирањето и стремежот на организацијата за „ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор". 

-Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање модерна самостојна македонска држава. Да е вечен македонскиот револуционерен идеал, да го почитуваме и славиме овој голем ден, стои во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. вт/дма/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан