• петок, 05 декември 2025

Честитка од ВРЕДИ по повод Денот на независноста

Честитка од ВРЕДИ по повод Денот на независноста

Скопје, 8 септември 2025

Денес го одбележуваме еден од најважните датуми во историјата на државата – 8 Септември, Денот на независноста, кој денес е празник на сите граѓани на нашата земја, се вели во честитката од ВРЕДИ по повод Денот на независноста што МИА ја објавува интегрално.

Ова е моментот кога граѓаните на оваа земја го избраа патот на суверенитет и ги поставија темелите на слободна и независна држава.
Но нашата современа историја не може да се разбере без да се спомене и Охридскиот договор, кој ѝ даде на државата димензија на еднаквост и ја направи заеднички дом за сите граѓани. Независноста и еднаквоста се двата столба врз кои се гради нашата заедничка иднина.

По тој повод, ВЛЕН им го честита Денот на независноста на сите граѓани, со целосна увереност дека заедно ќе продолжиме да ја зајакнуваме демократијата, еднаквоста и европската перспектива на нашата земја.

Фото: МИА архива

Остани поврзан