• петок, 17 мај 2024

Честитка од Анѓушев за Денот на независноста на Малта

Честитка од Анѓушев за Денот на независноста на Малта

Скопје, 21 септември 2023 (МИА) - Почесниот конзул на Малта во Северна Македонија, проф. д-р Кочо Анѓушев, го честита 21. Септември - Денот на независноста на Малта, која годинава одбележува 59 години независност од Обединетото Кралство, стекната во 1964 година.

-Почесниот конзул Анѓушев упатува желби за социјална и економска благосостојба до народот на Малта, а почесниот конзулат отворен во Скопје во 2021 година, е показател за посветеноста на двете земји за проширување на соработката и обезбедување поддршка и сервис за граѓаните, стои во честитката.

Малта е членка на Европската унија од 2004 година и по сите параметри котира како една од најпросперитетните економии во Европа. вг/

Фото: принтскрин

Остани поврзан