Честитка за именденот на архиепископот г.г. Стефан од директорката на КОВЗРГ, Трајковска
- Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска, му го честита именденот на г.г. Стефан - поглавар на Македонската православна црква, посакувајќи му „долговечност, здравје, мир во душата и љубов во срцето“.

Скопје, 9 јануари 2025 (МИА) - Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска, му го честита именденот на г.г. Стефан - поглавар на Македонската православна црква, посакувајќи му „долговечност, здравје, мир во душата и љубов во срцето“.
-Споменот на првомаченикот и архиѓакон Стефан, кој денеска го празнуваме и чие име Вие го носите, е момент на восхит, од една страна кон подвигот на маченикот, од друга страна кон Вашиот личен подвиг.Вашето име е отсликување на мудроста и истрајноста со која ги отфрлате камењата кои со лукавост кон Вас се упатени, а Вие со милост одговарате: Господи, не сметај им го ова за грев! Честит и вековит именден!, пишува во честитката на Трајковска до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. хс/ев/
Фото: МИА архива