• среда, 15 мај 2024

Честитка за златниот медал на Оливера Наковска Бикова од градоначалникот Тони Коњановски

Честитка за златниот медал на Оливера Наковска Бикова од градоначалникот Тони Коњановски
Битола, 15 ноември 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и го честита големиот успех на Оливера Наковска Бикова, за освојувањето на златниот медал на Светското првенство во стрелаштво кое се одржува во Ал Аин, Обединети Арапски Емирати. Во честитката, Коњановски нагласува дека Оливера Наковска Бикова со освојувањето на златниот медал на Светското првенство во дисциплината „Пиштол слободен избор 25 метри“ забележа голем успех. - Со овој успех во светски рамки одекнува вашето име, името на градот Битола и името на нашата држава Македонија. Овој ваш резултат е поттик и стремеж за многу идни генерации, чиј пример на упорност и заложби треба да го следат од вас. Со Вашиот нов успех, повторно докажавте дека годинава, едногодишната награда „4 Ноември“ за достигнувања во областа на спортот, отиде во вистински раце, истакна Коњановски. Општина Битола најави континуирана поддршка на сите успешни од градот.мт/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан