• вторник, 07 јануари 2025

Честитка за Божик од МАЕИ и градоначалникот на Пустец

Честитка за Божик од МАЕИ и градоначалникот на Пустец

Дебар, 7 јануари 2025 (МИА) - Честитка по повод Рожедството Христово - Божик упатија единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и градоначалникот на општина Пустец Пали Колефски.

-Почитувани Македонци од православна вероисповед во Албанија, во овие свети денови кога го славиме Рождеството Христово – Божик, Ви упатуваме искрени честитки исполнети со топлина, љубов и надеж, посакуваат од МАЕИ.

Овој празник на светлината и мирот, се додава, нека ги исполни вашите срца со радост, а вашите домови со благосостојба, здравје и хармонија. 

Порачува дека Божик е време за сплотување, зајакнување на семејните вредности и за прославување на нашата вековна македонска традиција и идентитет.

-Македонска алијанса за европска интеграција, како единствената политичка партија која го претставува и штити македонскиот народ во Албанија, останува посветена на зачувување на нашето културно наследство и на унапредување на правата на Македонците. Нека оваа година биде година на нови успеси за македонската заедница, на повеќе единство и солидарност меѓу сите нас. Со Божји благослов и со радост во срцата, ХРИСТОС СЕ РОДИ, стои во честитката потпишана од партискиот лидер, Васил Стерјовски.

Во честитката во негово и име на Советот на општина Пустец и општинската администрација, Колефски потсетува дека е „прекрасна традиција одбележувањето на Божик- Рождеството Христово".

-На сите  наши сограѓани и на сите што го слават овој свет ден им посакуваме здравје, среќа и хармонија во нивните домови! Нека биде овој ден извор на благослови за сите, стои во честитката на Колефски.

Овој еден од најголемите празници  го честиташе и македонското друштво „Илинден"-Тирана. вт/фф

Фото: МИА

Остани поврзан