• вторник, 07 јануари 2025

Стоилковиќ: Божиќ не учи да бидеме солидарни и сплотени

Стоилковиќ: Божиќ не учи да бидеме солидарни и сплотени

Скопје, 7 јануари 2025 (МИА) - Потпретседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ упати честитка до православните христијани кои денеска го слават Христовото раѓање - Божиќ.

- Овој голем христијански празник е празник на семејството, празник кој нè учи да бидеме солидарни и сплотени, затоа ви посакувам божиќните празници да ги поминете во добро празнично расположение во кругот на најблиските, исполнети со мир, благосостојба и верба дека само заеднички и со убава мисла можеме да успееме и да се избориме со сите предизвици. Бидете здрави, живи и бериќетни, се вели во честитката. бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан