Сиљановска-Давкова: Се надевам дека најдоброто од нас ќе се разбуди на овој ден
- Претседателката на државава, Гордана Сиљановска - Давкова го честиташе „Божиќ“ од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Во изјава за медиуми, таа изрази надеж дека најдоброто од сите ќе се разбуди на овој ден.

Скопје, 7 јануари 2025 (МИА) - Претседателката на државава Гордана Сиљановска - Давкова го честиташе „Божиќ“ од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Во изјава за медиуми, таа изрази надеж дека најдоброто од сите ќе се разбуди на овој ден.
- Се надевам дека навистина, како што архиепископот неколкупати напомена, дека ова ќе значи дека знаеме дека ѕвездата од Витлеем нѐ води и дека најдоброто од нас ќе се разбуди на овој ден. Посакувам вечен да е, се разбира, додаде претседателката на државава. бд/бак/
Фото и видео: МИА