Челзи ќе го праќа Кепа на позајмица во Шпанија
- Голманот на Челзи, Кеп Аризабалага може да биде играч на Севиља во зимскиот преоден рок, објави „Естадио Депортиво“.

Лондон, 22 октомври 2020 (МИА) - Голманот на Челзи, Кеп Аризабалага може да биде играч на Севиља во зимскиот преоден рок, објави „Естадио Депортиво“.
Според изворот, управата и стручниот штаб на „сините“ не се задоволни од играта на 26-годишниот Шпанец на почетокот на сезоната, па затоа ја разгледуваат опцијата за позајмица.
Оваа сезона Кепа има одиграно три натпревари и примено шест голови.
Во прилог на заминувањето на Кепа од Лондон е и активирањето на Петр Чех како резервен голман. зс/