• среда, 03 јули 2024

Челзи со нов кикс во Премиер лигата

Челзи со нов кикс во Премиер лигата
Борнемут, 29 февруари 2020 (МИА) - Челзи претрпе уште едно разочарување по ремито од 2-2 во рамките на нивната посета на една од најслабите екипи во Лигата - Борнемут. Алонсо ги доведе во предност гостите во 33 минута, а Лерма израмни во 54-тата минута. Домаќините дојдоа до целосен пресврт три минути подоцна, но Шпанецот со својот втор гол го спаси лондонскиот тим од голем резил. „Сините“ по овој кикс остануваат на 4-то место со 45 бода, додека „црешите“ ја заземаат 17-тата позиција со 27 поени и екипата е на само два бода над зоната за испаѓање. Резултати од Премиер лига: Брајтон - Кристал Палас 0:1 Борнемут - Челзи 2:2 Њукасл - Барнли 0:0 Вест Хем - Саутемптон 3:1 Петок: Норвич - Лестер 1:0 Во моментов се игра дуелот помеѓу Ватфорд и лидерот на табелата Ливерпул.

Тагови

Остани поврзан