• петок, 05 декември 2025

Челзи почна преговори со Лион за трансфер на Фофана

Челзи почна преговори со Лион за трансфер на Фофана

Лондон, 17 јуни 2025 (МИА) – Премиерлигашот Челзи упати вербално барање до Лион во врска со трансферот на крилниот напаѓач Малик Фофана, објави „The Athletic“.

Раководството на англискиот клуб стапило во контакт со претставници на францускиот тим, но Челзи се уште нема дадено конкретна понуда за 20-годишниот Белгиец.

Фофана минатата сезона за Лион постигна 11 гола и направи шест асистенции на 41 натпревар. 

Актуелниот договор на Фофана со Лион е до летото 2028. 

„Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 30 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан