• петок, 10 мај 2024

Челзи потпиша со најдобриот стрелец на Молде

Челзи потпиша со најдобриот стрелец на Молде

Лондон, 7 јануари 2023 (МИА) – Англискиот премиерлигаш Челзи на својата официјална веб-страница денес објави дека го комплетирал трансферот на напаѓачот Давид Фофан од Молде.

Лондонскиот клуб потпиша договор со напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска до 2029 година со опција за продолжување на уште една година.

Оваа сезона Фофана забележа 37 настапи за норвешкиот тим во сите натпреварувања, постигна 21 гол и седум асистенции.

Претходно се дозна дека Челзи за 20-годишниот играч ќе плати 12 милиони евра. зс/

Остани поврзан