• недела, 22 декември 2024

Челзи дава 40 милиони евра плус Вернер или Пулишиќ за Де Лихт, Јувентус бара 100 милиони

Челзи дава 40 милиони евра плус Вернер или Пулишиќ за Де Лихт, Јувентус бара 100 милиони
Рим, 26 јуни 2022 (МИА) - Јувентус не е подготвен да го пушти дефанзивецот Матијс де Лихт во Челзи за помалку од 100 милиони евра. Според Tuttosport, „сините“ понудиле 40 милиони евра за Холанѓанецот и еден од двајцата играчи од кои може да се избере: напаѓачот Тимо Вернер или играчот од средниот ред Кристијан Пулишиќ. Сепак, ниту едниот ниту другиот фудбалер не се од особен интерес за главниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри. „Бјанконерите“ инсистираат обештетувањето да биде исклучиво во готово и во износ од 100 милиони евра. Претходно беше објавено дека клубот од Торино сака да го продолжи договорот со Де Лихт. зс/

Остани поврзан