Чевларите од Куманово го празнуваат заштитникот Свети Спиридон
- Чевларите од Куманово, денеска го слават Свети Спиридон, заштитник на занаетчиите. И годинава беше избран нов кум на празникот Александар Масевски кој заедно со стариот кум, Фросина Петровска им посакаа успех, здравје на вработените од секторот. Настанот е можност за рамена на идеи, средби.
Куманово, 25 декември 2025 (МИА) - Чевларите од Куманово, денеска го слават Свети Спиридон, заштитник на занаетчиите. И годинава беше избран нов кум на празникот Александар Масевски кој заедно со стариот кум, Фросина Петровска им посакаа успех, здравје на вработените од секторот. Настанот е можност за рамена на идеи, средби.
-Со децении го прославуваме чудотворниот светец Спиридон заштитник на чевларите, кумството се пренесува од едни на други колеги се крши колач се пренесува сликата која цела година се чува во фирмата. Убава традиција е која ја слават чевларите, изјави Фросина Петровска, сопственичка на фирма.

Кумството го презема Александар Масевски кој се надева дека идната година ќе биде уште подобра за чевлрската индустрија.
-Она што се надеваме е дека квалитетот ќе го надмине квантитетот на увезени производи, изјави Масевски.

Последниве години секторот се справува со последиците од долгорочното влијание, првин на пандемијата, после на енергетската криза, што резултираше со намален број на вработени кои се иселуваат од државата, преминуваат во други сектори, како и поради затворањето на малите фирми. Според податоците на сопствениците на погоните, во оваа индустрија во градот работат околу десетина мали и средни претпријатија. Најголем дел од нив произведуваат полуготов производ, додека дел од нив нудат готови производи за домашниот и странскиот пазар. Бизнис заедницата од овој сектор постојано бара нов и квалификуван кадар за индустријата во која речиси секогаш има слободни работни места. ам/вј/
Фото: МИА