• сабота, 21 декември 2024

Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ победник на ораторската вечер „Иво Пухан“

Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ победник на ораторската вечер „Иво Пухан“

Скопје, 5 декември 2023 (МИА) - Студентката Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ е победничката на 26. Ораторска вечер „Иво Пухан“ која се одржува на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Второто место од натпреварот во јавно говорење ѝ припадна на Лина Рангелова со говорот „Зошто „не“ за уставни измени“, а третото го поделија Ведрана Петрова - „Македонија го живее опусот на Горан Стефановски“ и Мерсина Даминова -„Сплотени во различностите“.

Чарна Невзати, воедно, годинава е двоен победник со Специјалната награда за најдобар сценски настап „Бранко Ѓорчев“.

На годинашното финале учествува и студентите Драган Ѓуровски со говорот „Аманет за следните генерации“, Ивана Тодорова - „Крај, за „трпи и трај““, Ана Куракутовска - „Капитализмот како крај на моралните вредности кај луѓето“, Филип Јаневски - „Што ѝ недостига на современата македонска држава“. 

На годинашното издание, надвор од конкуренција имаше и гостин од правниот факултет во Белград, Ѓорѓе Бојковиќ, кој се претстави со говорот „Учи, па можеби ќе имаш“.

Во жири-комисијата учествуваа професори од Правниот факултет „Јустинијан Први“, и професори од правните факултети од Загреб, Белград и Крагуевац, како и членови од семејството на актерот Бранко Ѓорчев и актерот Дејан Лилиќ како соработник. ар/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан