Чави може да влијае на враќањето на Меси во Барселона
- Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси може да се врати во Барселона во 2023 година.

Барселона, 10 ноември 2021 (МИА) - Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси може да се врати во Барселона во 2023 година.
Според „Марка“ и покрај нарушените односи меѓу 34-годишниот Аргентинец и претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта, на враќањето на напаѓачот може да влијае назначувањето на екс-играчот на Барселона, Чави за главен тренер.
Меси во летниот трансфер период ја напушти Барселона како слободен играч и потпиша со ПСЖ.
Каталонците не можеа да го обноват договорот со Аргентинецот поради ограничувањето на платата
Барселона го објави назначувањето на Чави за главен тренер на тимот ноќта меѓу 5 и 6 ноември. Договорот со тренерот е со важност до 2024 година.
По 13 кола од Шпанското фудбалско првенство, Барселона освои 16 бодови и е на деветтото место во поредокот. зс/