• четврток, 21 ноември 2024

ЦУК: 1 685 повици на 112 во последното деноноќие, регистрирани седум пожари на отворено

ЦУК: 1 685 повици на 112 во последното деноноќие,  регистрирани седум пожари на отворено

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) - Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека на бројот 112 во последното деноноќие се регистрирани 1 685 повици -  седум пожари на отворено, исчезнато лице од Струга, пронајдени неексплодирани убојни средства во Тетово и армиско бојно гаѓање во Битолско.

Според ЦУК, од повиците „реални“ биле 62,14 отсто, а 37,86 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

-Кон Полиција биле упатени 74,12%, кон Итната медицинска помош 19,41%, а кон пожарникарите 1,76%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 844 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“, наведува ЦУК.

Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

ЦУК информира дека во последното деноноќие се регистрирани седум пожари на отворено на територијата на државата, покрај интервенциите за гаснење пожари во населени места. Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје, ја пренесува информацијата од БППЗ на Град Скопје, во која се наведува дека од 12.55 до 14.00 часот гаселе запалена ниска вегетација во с.Јурумлери (Општина Гази баба) на површина од 200 m2. Интервенцијата ја извршиле со 1 возила и 4 пожарникари, а од 14.50 до 15.50 часот гаснеле запалени суви лисја во ул.„Ферид Бајрам“ (Општина Бутел) на површина од 100 m2. Интервенцијата ја извршиле со 1 возило и 3 пожарникари. РЦУК Штип, известува дека ТППЕ Виница од 11.00 до 14.00 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникарa интервенирале на запалено стрниште во с.Блатец. Опожаренаta површина изнесувала околу 1хектар. ТППЕ Кочани, во период од 13.40 до 17.00 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалено ѓубре во градската депонија во Кочани. РЦУК Тетово, извстува дека ТППЕ Тетово од 18.30 до 19.10 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалено ниска вегетација кај наплатна рампа (патарина) Тетово- Гостивар.

РЦУК Куманово известува дека од 18.20 до 20.40 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација,стрништа и грмушки во с.Виштица (Општина Липково). РЦУК Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Ресен во која се наведува дека во изминатото деноноќие имале една помала интервенција. Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од Полициска станица Струга известиле дека има пријава на исчезнато лице од Струга, имено лицето К.М. од својот дом на 20.10.2024 год се упатил во с.Брчево (Општина Струга) на берење печурки, но до овој момент не е вратен ниту можеле да воспостават контакт со истиот. Во полициската станица Струга како исчезнат го пријавил неговиот брат Љ.М.

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека преку Единствениот број за итни повици Е-112 во 09:10 часот, е добиена пријава за пронајдени неексплодирани убојни средства (НУС) на ул. „Крушевска Република“ бр. 293 – Тетово. За опасноста од пронајдените НУС веднаш е известена ДЗС - Тетово за понамошна постапка, односно за нивно безбедно отстранување или уништување. Регионалниот ЦУК Битола ја пренесува информацијата, од Министерство за одбрана, за реализација на бојно гаѓање денеска ( 22.10.2024 година), во време од 09.30 до 14.30 часот на стрелиштето ,, Леково ''. При бојно гаѓање е забрането движење на лица и стока во реонот на стрелиштето. Истовремено, се предупредуваат сите лица после гаѓањето дека ако најдат неексплодирани зрна односно проектили да не ги допираат или преместуваат и за тоа да ги известат органите на МВР или командата на касарната во Прилеп. мч/дма/

фото: МИА архива

Остани поврзан