• петок, 05 декември 2025

Депонијата Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина

Депонијата Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина

Скопје, 10 септември 2025 (МИА) - Се уште е активен пожарот на депонијата Дрисла, што избувна вчера во 15:15 часот. Во централниот дел на депонијата гори поголема количина отпад, при што се испушта густ чад кој се чувствува и во пошироката околина, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). 

Во гаснењето на пожарот интервенираат седум пожарникари со две противпожарни возила од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

- Пожарот не се шири и не претставува закана за околната шума, населба или населено место, наведува ЦУК.мд/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан