• сабота, 13 јули 2024

ЦУК се приклучи на ЈП „Национални шуми“ во гасењето на пожарот кај месноста Ламја над село Горно Јаболчиште

ЦУК се приклучи на ЈП „Национални шуми“ во гасењето на пожарот кај месноста Ламја над село Горно Јаболчиште

Скопје, 3 октомври 2023 (МИА) – Три ЕР трактори од Дирекцијата за заштита и спасување се приклучија на Ј.П „Национални шуми“, Подружница Бабуна Велес, кои веќе трет ден го гаснат големиот пожар кој изби на отворен простор во месноста викана Ламја над село Горно Јаболчиште. 

Како што информираа денеска од Центарот за управување со кризи теренот е непристапен, вегетацијата е сува и многу висока односно голосек со голема количина суви гранки и висока трева, а поради силниот ветер оганот бргу се шири кон висококвалитетна шима.

-Во моментов пожарот е локализиран, нема пламени јазици и чад но екипите работат на негово внатрешно гаснење, како и спречувањре на евентуална можноста за негово реактивирање, се наведува во соопштението од ЦУК. свс/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан