• понеделник, 23 декември 2024

ЦУК: Решен е случајот со парчиња фасада што паѓаа од зграда во Центар

ЦУК: Решен е случајот со парчиња фасада што паѓаа од зграда во Центар

Скопје, 20 јуни 2024 (МИА) - На бројот 112 беше пријавена опасност од парчиња фасада што паѓаат од зграда во општина Центар. Од локалната самоуправа информираат дека се излегло на терен, се решил случајот и опасноста е отстранета, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.

- Настанатата ситуација, со фасадата во распаѓање, претставуваше потенцијална опасност за граѓаните кои поминуваат на тој потег од улицата „Мито Хаџи Василев - Јасмин“ број 24, зад новата зграда на „Елем“, се појаснува во соопштението. бд/сст/

Фото: Центар за управување со кризи

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан