• вторник, 07 мај 2024

ЦУК: Поголем дел од селото Лажани е под вода

ЦУК: Поголем дел од селото Лажани е под вода
Скопје, 22 август 2022 (МИА) - Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека попладнево општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани беа зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплавување на повеќе населени места од општина Долнени. Поплавување има во селата Лажани, Дебреште и Житоше. -Најкритично е во село Лажани каде поголем дел од селото е под вода. Водата има навлезено во куќите, соопшти ЦУК. За состојбата со поплавите запознаен е и градоначалникот на општина Долнени, ДЗС Прилеп и ПС Ропотово. Заради поплавувањето на подрумските куќи се врши евакуација на загрозените жители на с. Лажани со помош на трактори. Во моментот ангажирани се два багера од ТППЕ Прилеп и екипа пожарникари со теренско возило.ев/са/ МИА Фото: Архива

Остани поврзан