• четврток, 09 мај 2024

ЦУК: Петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно безбедно се евакуирани кон Скопје 

ЦУК: Петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно безбедно се евакуирани кон Скопје 

Скопје, 29 јануари 2024 (МИА) - Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека петмина турски државјани, откако се изгубиле на Водно, се пронајдени и безбедно евакуирани кон Скопје. 

- По добиениот повик на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК дека на паркингот кај Милениумски Крст на Водно се наоѓаат пет лица, турски државјани, кои се изгубиле и не знаеле да се спуштат надолу откако се стемнило, од Секторот за операции и координација на ЦУК се известени дежурните од полицијата, СВР Скопје, кои веднаш тргнале со возило. Притоа, од ЦУК им бил даден и телефонскиот број на пријавителот, турски државјанин, за да се оствари и непосредна комуникација преку „вибер“, согласно потребите, се посочува во соопштението од ЦУК. 

Во 18:10 часот петте лица, турски државјани, се пронајдени и од кај месноста Милениумски Крст на Водно, согласно остварените контакти со СВР Скопје, се земени со возило на полицијата и безбедно се евакуирани кон градот. ев/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан