• петок, 05 декември 2025

ЦУК: Нема активни пожари, четири под контрола, 13 изгаснати

ЦУК: Нема активни пожари, четири под контрола, 13 изгаснати

Скопје, 2 септември 2025 (МИА) - До 21:00 часот на територија на цела држава нема активни пожари, четири сe под контрола, а 13 се изгаснати, информира вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК). 

Под контрола се ставени пожарите кај депонијата Вардариште, кај повеќенаменското подрачје „Јасен“ (мешана шума), на планината Кожуф во општина Гевгелија и во село Никуштак во општина Липково.

Изгаснати пожари има во скопските општини Студеничани, Арачиново и Сарај и во општините Долнени, Струмица, Струга, Велес, Делчево, Куманово, Липково, Тетово и Гостивар. мд/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан