• сабота, 06 јули 2024

ЦУК: Изгаснат пожарот кај Бељаковце

ЦУК: Изгаснат пожарот кај Бељаковце

Куманово, 5 септември 2023 (МИА) - Пожарот кај Бељаковце е изгаснат, соопштија од Центарот за управување со кризи. 

- Пожарот е ставен под контрола. На некои изолирани места се уште гори, до раните утрински часови ќе бидат изгаснати, но нема да има потреба од воздухоплови на ова подрачје, изјави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Пожарот, што попладнево избувна во Руѓинце се префрли во Бељаковце. Беше зафатена поголема површина на стрништа, сува трева, шума, изгоре помошен објект и напуштена куќа. Покрај хеликоптерот на МВР, пожарот го гасеше Ер трактор на Дирекција за заштита и спасување како и противпожарни екипи на неколку општини, Старо Нагоричане, Куманово, Кратово и Ранковце. ам/ев/

Фото: ЦУК

Остани поврзан