• петок, 26 април 2024

ЦУК: Десет пожари на отворено во изминатото деноноќие

ЦУК: Десет пожари на отворено во изминатото деноноќие

Скопје, 11 април 2024 (МИА) - Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 10 пожари на отворено во последното деноноќие, од коишто утрово еден е се уште активен.

Активен е пожарот во Општина Дебар помеѓу селата Бомово и Коњаре, каде што горат „костењари“ и ниска вегетација. Регионалниот ЦУК (РЦУК) Охрид известува дека интервенирале со едно ПП возило и пет пожарникари. Пожарот е под контрола. Со гаснењето на пожарот ќе се продолжи во текот на денешниот ден.

Изгаснати се три пожари во Скопскиот регион, два во Охрид и по еден во Ресен, кај с.Љубојна, кај штипското село Долни Балван, кај пехчевско Негрево и кај кумановското село Шупли Камен.

ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено, за редовно чистење на локалните одводни канали, а и да не се фрлаат отпадоци во нив. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.са/

Фото: 

Остани поврзан