ЦУК: Вчера изгаснати 18 пожари, а еден локализиран
- Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера на територијата на земјава имало вкупно 19 пожари, од кои 18 се изгазнати, а еден е локализиран.
Скопје, 16 август 2023 (МИА) - Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера на територијата на земјава имало вкупно 19 пожари, од кои 18 се изгазнати, а еден е локализиран.
Од пожарите кои се изгаснати четири беа во кумановските села Романовце, Слупчани, Пчиња и Љубодраг, а два во селата Дебреште и Кошино во Општина Долнени.
Како што извести ЦУК, во текот на вчерашниот ден изгаснати се пожари и во село Радуша во Општина Сарај, на ул. ,,Скупи" во Општина Карпош, во парк шума Гази Баба во Општина Гази Баба, во село Трап во Општина Битола, во село Могиола во Општина Могила, во село Д.Бела Црква во Општина Ресен, во село Ораовица во Општина Радовиш, на местото Овчка Река во Општина Кавадарци, во село Росоман во Општина Росоман, во село Желино во Општина Желино, во село Крлански Мост во Општина Виница, како и во село Бериково во Општина Кичево.
Центарот за управување со кризи информира дека е локализиран пожарот во селата Соколарци и Жиганци во Општина Чешиново – Облешево, каде гори ниска вегетација нискостеблеста шума. Противпожарните екипи, авионите „ертрактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и полициски хеликоптери на МВР, вчера доцна попладне, успеаја да го стават по контрола пожарот кај селото Соколарци во Општина Чешиново – Облешево. дма/са/
Фото: МИА архива