ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
- Активен е еден пожар на отворен простор, гори депонија во Вардариште во Општина Гази Баба.
Скопје, 5 август 2025 (МИА) - Во земјава попладнево активен е еден пожар на отворен простор - гори депонија во Вардариште во Општина Гази Баба.
Ова го соопшти попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата со пожарите заклучно со 18:00 часот.фф/ев/
Фото: МИА Архива