• понеделник, 23 декември 2024

Цукерберг: Маск е несериозен околу нашата „тепачка“

Цукерберг: Маск е несериозен околу нашата „тепачка“

Лос Анџелес, 14 август 2023 (МИА) - Сопственикот на компанијата „Мета“, Марк Цукерберг оцени дека сопственикот на соперничката компанија „Х“ - Илон Маск, „не е сериозен во врска со нивниот меч во кафез“ и рече дека време е да се продолжи натаму со животот.

- Може да се согласиме дека Илон е несериозен и време е да се оттргнеме од оваа приказна. Понудив конкретна средба. Шефот на боречкото Првенство „Ултимејт фајт“ (УФЦ), Ден Вајт понуди и правни начини да го направи мечот за добротворни цели. Илон нема намера да прифати средба... Рече дека му треба операција, а сега бара да тренира во мојот двор наместо „да се тепаме“, рече Цукерберг.

Маск во јуни објави дека е „подготвен да се бори в кафез“ со Цукерберг, а вториов одговори со порака „кажи место“.

- Ако Илон сериозно и официјално се зафати со датумот за „тепачката“, знае како да ме најде, додаде раководителот на „Мета“, т.е. социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Тредс“.

Во спротивно, Цукерберг ќе се сосредоточи на борбата со луѓето кои тоа го сфаќаат сериозно. си/рп/

Фото: Википедија

Остани поврзан