• среда, 12 јуни 2024

ЦСКА ќе има лиценца за Евролигата и по 2025

ЦСКА ќе има лиценца за Евролигата и по 2025


Минхен, 11 јуни 2024 (МИА) – Рускиот кошаркарски гигант ЦСКА Москва ќе ја задржи лиценцата за настап во Евролигата и по 2025 година, објави денеска добро информираниот новинар Арис Баркас.
Московска ЦСКА е еден од 13-те клубови кои имаат постојани лиценци за учество на турнирот, кои се издаваат за период од 15 години, а треба да бидат реиздадени во 2025 година.
Поради војната во Украина, на ЦСКА Москва, како и другите руски тимови, им е забранет настап во европските купови.
Отстранувањето на ЦСКА му овозможи на францускиот Монако да го заземе местото во елитното европско клупско кошаркарско натпреварување
ЦСКА Москва е вториот најуспешен тим во историјата на Евролигата со осум титули и вкупно 14 настапи во финалето на турнирот. Последен пат московјаните станаа шампиони во 2019 година, кога во финалето го победија турскиот Анадолу Ефес со 91:83. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан