Црногорското Основно државно обвинителство проверува кој му се заканувал на претседателот Ѓукановиќ на Твитер
- На налогот на Твитер пишуваше дека „ќе осамне денот за одмазда и реваншизам“ и дека Ѓукановиќ „ќе види кого сакал да учи да ја почитува Црна Гора“, правејќи паралела со смртта на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини и неговата љубовница Клара Петачи.

Подгорица, 10 март 2023 (МИА) – Црногорското Основно државно обвинителство (ОДТ) денеска соопшти дека наредило да се провери кој на Твитер упатил смртни закани до претседателот Мило Ѓукановиќ и неговата сопруга Лидија.
Претходно денеска црногорските медиуми објавија скриншот од кој се гледаат заканите упатени до Ѓукановиќ и неговата сопруга од профил на Твитер под име Борис Јанковиќ.
На налогот на Твитер пишуваше дека „ќе осамне денот за одмазда и реваншизам“ и дека Ѓукановиќ „ќе види кого сакал да учи да ја почитува Црна Гора“, правејќи паралела со смртта на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини и неговата љубовница Клара Петачи.
Од истиот профил упатени се закани и до пратеници на Социјалдемократската партија и до кандидатката за претседател на Црна Гора, Драгиња Вуксановиќ-Станковиќ, која ги пријавила во полиција. Нејзе од истиот профил и се закануваат со физички напад „поради злобните изјави за српскиот народ“. сд/