• четврток, 04 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Црна Гора се бори со пожари – Подгорица најзагрозена, критично во Пипери и Кучки Корита

Црна Гора се бори со пожари – Подгорица најзагрозена, критично во Пипери и Кучки Корита

Подгорица, 16 август 2025 (МИА) - Седми ден по ред пожарите во Црна Гора не стивнуваат, а најкритично е во Подгорица, каде што и покрај тоа што ситуацијата е под контрола.

Началникот на Дирекцијата за цивилна заштита и намалување на ризици од катастрофи, Љубан Тмушиќ, соопшти дека најзагрозени области се Пипери и Кучки Корита. - Во овие подрачја се ангажирани сите расположливи ресурси – 12 возила и 42 пожарникари, рече Тмушиќ.

Посебна закана претставуваат и таканаречените „подземни пожари“ кои се активираат со пораст на температурите.

Во гаснењето се вклучени и армијата, како и помош од странство – Србија испрати хеликоптер, а вчера пристигна и швајцарски тим со 26 пожарникари и четири специјализирани возила. Поддршка дава и хеликоптер од Чешка. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан