• вторник, 18 март 2025

Црквата во Дебар отворена за молитва за покој на душите на настраданите, сочувство упати градоначалникот на Центар Жупа

Црквата во Дебар отворена за молитва за покој на душите на настраданите, сочувство упати  градоначалникот на Центар Жупа

Дебар, 17 март 2025 (МИА) - По повод трагедијата што се случи вчера во Кочани во која го загуби животот и Андреј од ДНК, по потекло од Дебар,  црквата Света Петка во Дебар е отворена за сите верници кои сакаат да се помолат за душите на трагично загинатите. 

Црквата Света Петка каде е и седиштето на парохијата се наоѓа во близина на дебарската болница.

- Нашиот божји храм ќе биде отворен и следните два дена од 16 до 18 часот. Бог да ги прости и царство небесно  да им подари, објави Миле Ангеловски, намесник на Дебарската парохија.

Сочувство до семејствата на настраданите изрази градоначалникот на Центар Жупа, Аријан Ибраим.

-Оваа голема трагедија не погоди сите, за која нема зборови за утеха.  Во име на моите сограѓани и во лично име, изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во Кочани,   воедно на повредените им посакувам брзо закрепнување, напиша Ибраим во објава на Фејсбук. вт/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан