• четврток, 26 март 2026

Црвен крст со логистика во вода и храна за екипите од пожарот кај село Иванковци

Црвен крст со логистика во вода и храна за екипите од пожарот кај село Иванковци

Велес, 17 јули 2025 (МИА) - Тим од Општинската организација на Црвен крст Велес денеска беше логистичка поддршка за екипите кои го гасат пожарот во близина на Иванковци.

Двајцата волонтерите делеа храна и вода за сите присутни, информира за МИА, Александра Илијевска од Општинската организација на Црвен крст Велес.

Воедно најави дека ако има потреба  од Црвениот крст  ќе продолжат со логистика и на други пожари и кризни ситуации во велешкиот поширок регион.ад/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан