• петок, 21 март 2025

Досега собрани 48.172.115 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани

Досега собрани 48.172.115 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани

Скопје, 21 март 2025 (МИА) - Досега се собрани 48.172.115 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани и за нивните семејства, информира денеска Црвениот крст на Северна Македонија.

- Ве повикуваме и понатаму сите заедно да ја покажеме хуманоста и солидарноста за настраданите од пожарот во Кочани. Упатуваме голема благодарност до сите кои донираа и ве информираме дека сме во фаза на подготовка за првична исплата на собраните средства за најитните потреби наменети за настраданите од пожарот во Кочани, стои во соопштението од Црвениот крст. мд/бак/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан