• среда, 08 мај 2024

Црвен крст Делчево реализира четири проекти за промоција на хуманите вредности

Црвен крст Делчево реализира четири проекти за промоција на хуманите вредности
Делчево, 30 април 2022 (МИА) - Во Делчево продолжуваат активностите во рамки на ПХВ проектите кои ги реализира Општинската организација на Црвениот крст. За таа цел, денеска во спортската сала „Методи Митевски - Брицо" се одржа вториот натпревар во мал фудбал кој имаше хуманитарен карактер. -Хуманитарниот дел од турнирот се состои во тоа што паричните средства собрани од продажба на влезниците ќе бидат наменети за реконструкција на дом на самохран родител со своите две малолетни деца. Благодарност до сите кои денес и претходниот викенд ни ја дадоа поддршката, истакна волонтерот Стефани Ѓорѓовска. Според секретарот на Црвен крст Делчево, Ивана  Ангеловски, годинава ќе се реализираат вкупно четири проекти за промоција на хуманите вредности. -Од овие четири проекти, два ќе бидат насочени за реконструкција на дом на две семејства од социјален ризик, еден проект ќе биде за набавка на средства за инклузија на деца со посебни потреби во училиштата и последниот, за промоција на интеркултурата во нашиот град, додаде Ангеловски. ПХВ проектите се реализираат под покровителство на Црвениот крст на Република Северна Македонија. вс/мч/

Остани поврзан