• петок, 05 јули 2024

Црвен крст Делчево одржа едукативни работилници во рамки на ПХВ проектите

Црвен крст Делчево одржа едукативни работилници во рамки на ПХВ проектите
Делчево, 3 март 2023 (МИА) - Во Делчево се одржаа три работилници во рамки на ПХВ проектите кои Општинската организација на Црвен крст ги реализира секоја година. Носители на активностите се членови на Клубот на млади кои успешно ги спроведоа самите обуки.
 
-„Црвен крст во акција - Промоција на хумани вредности (ЦКА - ПХВ)“ е проект кој се реализира долги години, проект во кој младите на возраст од 13-17 години ќе имаат можност да изработуваат мали проекти и да прават големи промени во нашето општество, соопштија од Црвен крст Делчево.
 
По реализирање на работилниците, активностите во рамки на оваа активност продолжуваат на терен.
 
-На сите младинци им посакуваме многу среќа на терен. Преку овие ПХВ проекти, секоја година се вклучени голем број млади волонтери, кои во текот на годината, помагаат на различни категории граѓани и семејства од нашиот град, посочија од Црвен  крст Делчево.
 
Очекуваат днаредните години да расте бројот на волонтери, со што, како што велат од Црвен крст, ќе биде зголемена е и грижата за споменатата категорија граѓани, а реализацијата на ПХВ проектите ќе имаат уште поголем успех. вс/фф/
 
Фото: Црвен крст Делчево

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан