• недела, 22 декември 2024

ЦО на СДСМ: 26-тиот Конгрес закажан за 16 мај, внатрепартиски избори на 21 март

ЦО на СДСМ: 26-тиот Конгрес закажан за 16 мај, внатрепартиски избори на 21 март
Скопје, 10 март 2021
Централниот одбор на СДСМ вечерва ја одржа дваесетта седница на чиј дневен ред беа повеќе точки за актуелни процеси кои се одвиваат во партијата, внатрешните промени, модернизацијата и демократизацијата, како и повеќе важни општествени теми од интерес на граѓаните.
СДСМ продолжува да се менува, да се подобрува, дополнително да се демократизира.
Централниот одбор го усвои Извештајот поднесен од генералниот секретар Љупчо Николовски, за спроведена постапка за ажурирање на членовите и активна регистрација.
Заедничка оценка е дека процесот на ажурирање се спроведе успешно. СДСМ брои над 80.000 членови, социјалдемократското семејство е доволно големо, силно и обединето. СДСМ е прва во промените, се менува за подобро да им служи на граѓаните и државата.
Следен чекор се првите директни внатрепартиски избори закажани за 21 март на кој сите активно регистрирани членови ќе го бираат Претседателот на СДСМ.
Ова е врв на внатрепартиска демократија и внесува нова дополителна вредност на нашето демократско општество.
По одржувањето на првите директни избори Централниот одбор донесе одлука, на 16 мај 2021 година да се одржи 26-тиот Конгрес на СДСМ, кој ќе биде изборен.
Во оваа насока ЦО го усвои Правилникот и Роковникот за постпаката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на членови на Централниот и Надзорниот одбор на СДСМ. Го овласти Извршниот одбор да утврди дневен ред, време, место и начин на одржување на Конгресот, имајќи ја предвид состојбата со коронавирусот.
Во однос на актуелните општествени теми Претседателот Заев информираше дека приоритет на Владата останува заштита на здравјето на граѓаните, економски раст, борба против корупцијата и криминалот како и продолжување на реформите и напредокот на земјата.
Бројот на новозаболени од коронавирусот повотрно расте и затоа се преземаат нови мерки. Вакцини се нарачани во поголем број, од различни производители кои се очекуваат да пристигнат во земјава, а процесот на вакцинација на здравствените работници се одвива успешно. Државата е подготвена за брзо спроведување на масовна имунизацијата на населението.
Во однос на владеење на правото и борбата против корупцијата во изминатиот период се потврди силната политичка волја и се разобличија сите лаги кои што се пласираа од страна на опозицијата која останува единствена во одбрана на криминалот. СДСМ покажа силна посветеност за правда, одлучност и непоколебливост, борбата против корупцијата да се истера до крај. Правдата е тука, секој што го прекршил законот ќе се соочи со одговорност.
На економски план видливо е дека мерките и политиките што Владата предводена на СДСМ ги презела, даваат резултати. Сите економски параметри го потврдуваат тоа, имаме раст на просечната плата и извозот, економијата се враќа на стабилни основи. Имаме сериозни најави заза нови пред се странски инвеститори, како и проширување на веќе постоечките странски компании во државата, следуваат и сериозни, капитални проекти во енергетиката.
Во однос на актуелната политичка ситуација, претседателот Заев посочи дека парламентарното мнозинство е стабилно со изгледи дополнително да расте, а соработката во коалицијата во Владата ја оцени како многу добра.
Во однос на претстојните локални избори и измените на Изборниот законик, претседателот Заев го реафирмираше ставот дека СДСМ е за една изборна единица и поддржува воведување отпечаток на прст при гласањето. Но, за сето тоа потребни се измени на Изборниот законик кои треба да се донесат со консензус, без надласувања.
Претседателот Заев посочи дека со процесот на ажурирање, со првите внатрепартиски избори, СДСМ постави нови стандарди и најави дека по 26тиот Конгрес следуваат нови политики, кои ќе постават нови стандарди во работењето, ќе дадат нова вредност, во интерес на граѓаните и државата.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан