• сабота, 27 јули 2024

Циципас: И покрај поразот во првото коло, чувствувам дека сепак ќе имам шанси на завршниот турнир

Циципас: И покрај поразот во првото коло, чувствувам дека сепак ќе имам шанси на завршниот турнир
Торино, 16 ноември 2021 (МИА) - Четвртиот светски рекет Стефанос Циципас ги сподели емоциите по поразот од Андреј Рубљев во првото коло од групната фаза на завршниот АТП турнир. - Јас сум во исчекување. Сè уште сакам да играм добро. И покрај поразот, чувствувам дека се уште имам шанси. Сакам да се подобрам и да играм подобро на следниот меч, изјави Гркот. Во второто коло Циципас ќе игра против Каспер Руд. - Го знам форматот и како функционира сè. Имам доволно искуство, веќе три пати играв на овој турнир. Никогаш не е досадно. Сè уште сум во исто исчекување како и првиот пат. Повеќето играчи не се запознаени со овој формат бидејќи ретко играме во групи каде сетови може да направат голема разлика. Ми се допаѓа затоа што ми дава шанси и можам да се поправам, истакна Циципас. Завршниот АТП турнир се игра во Торино од 14 до 21 ноември. зс/

Остани поврзан